Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Tридневен спортски спектакл на FIBA 3х3 баскет турнир во Скопје Сити Мол

Настани

Tридневен спортски спектакл на FIBA 3х3 баскет турнир во Скопје Сити Мол

Од 1-3 јули катната гаража на Скопје Сити Мол беше претворенa во вистинска спортска арена за rooftop FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на здружението “3×3 Basketball Skopje” Македонија и Скопје Сити Мол.

На првиот ден од турнирот U18, се натпреваруваа осум екипи под 18 години, а првото место го освои екипата Outsiders, второто – екипата Chair Eagles, а со бронза се закити екипата Threesome.

На Satelite турнирот за натпреварувачи над 18 години учествуваа 5 странски и 7 македонски екипи – златото отиде во рацете на G-unit од Бар, Црна Гора, второ место освои екипата на Кино Влае, а третото место го освои екипата Godesnt Битола. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Алекса Вујадиновиќ од победничката екипа.

Победниците на натпреварот добија парична награда од 2.000 евра и слот за учество во Challenger турнирот, за освоеното второ место беше доделена награда од 1.000 евра, а пригодни подароци добија сите учесници на натпреварите.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA како дел од календарот на светската куќа на кошарката, а со него стартува и 3х3 летната лига на територијата на Македонија. Значењето и популарноста на овој спорт се зголемуваат со промовирањето на 3х3 баскетот како официјална олимписка дисциплина на последните Олимписки Игри. Во Македонија главен промотор на овој спорт е здружението “3×3 Basketball Skopje” кое оваа година го прославува петтиот јубилеј, а Скопје Сити Мол е традиционален партнер на овој турнир четврта година по ред.

-Чест ни е што ја задржуваме традицијата да го поддржиме и да помогнеме во промоцијата на овој урбан уличен спорт, кој се избори за своето место и на Олимписките игри. Со задоволство бевме домаќини и на катната гаража направивме спортска арена за дваесет екипи кои учествуваа на турнирот и се погриживме за врвно доживување на сите „баскетболџии“ и на сите посетители. А кога ќе се спојат два јубилеи – пет години „3 на 3 баскет Скопје“ и десет години Скопје Сити Мол, 3х3 баскет турнирот станува вистински спортски и забавен спектакл, на отворената арена на катната гаража во омилениот трговски центар. Веруваме дека го доближивме 3 на 3 баскетот до поголем број на млади и дека наредната година ќе имаме уште повеќе екипи и натпреварувачи – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Турнирот беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт и Кошаркарска Федерација на Република Северна Македонија, а своја поддршка дадоа и “Bako Nuts” и Комерцијална Банка, како и Ред Бул, Пан Европа – Галерија, Беоспорт и Винчини.

За доживувањето да биде потполно, покрај официјалниот дел со баскет натпреварите 3 на 3, Скопје Сити Мол подготви вистински спортски и забавен спектакл со натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна.

 

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.