Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Турската серија „Балканска приказна“ на ТРТ 1 вчера премиерно се прикажа во Скопје

Настани

Турската серија „Балканска приказна“ на ТРТ 1 вчера премиерно се прикажа во Скопје

Во Старата чаршија во Скопје, вчеравечер се одржа Гала промоција на првата епизода од турската серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), серија којашто започна да се снима во Скопје од страна на Националната телевизија на Република Турција, ТРТ1.

Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, пред почетокот на галата истакна дека првата епизода од серијата ќе ја гледаат истовремено со публиката во Турција потенцирајќи дека овој пат со задоволство ќе ја проследат првата епизода заедно со актерите, гостите во Куршумли Ан и како што вели тој, сонародниците во Скопје, каде што се случува приказната.

На Гала премиерата во Куршумли Ан, покрај менаџментот на ТРТ, актерите и продуцентскиот тим на серијата Балканска приказна присуствуваа министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, турскиот амбасадор во Скопје Хасан Мехмет Секизкок и претседателот на телевизија ТРТ, Ахмет Албајрак.

-Како ТРТ семејство, силно се фокусираме на Балканот, кој го нарекуваме „географско подрачје кое е во срцата на нашите предци“ – изјави Собаџи.

Собаџи исто така изјави дека искрено верува дека серијата „Балканска приказна“ е проект којшто ќе ги освои срцата на гледачите.

Мајсторските имиња Ердал Озјаџилар и Озлем Туркад ги делат главните улоги со Емре Беј и Мерих Озтурк во серијата заедно со актерскиот тим Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Халил. Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Бену Шахин и Ерман Шабан. Режисери на серијата се Доан Умит Караџа и Волкан Капкин, додека сценариото е напишано од Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамид Ишик и Есма Коч. Продуценти се Јалчин Ари и Угур Узунок, а линиски продуцент на серијата е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.

Во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи.

„Балканска приказна“ ќе се прикажува на екраните на ТРТ 1 секој вторник од 20:00 часот по турско време.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.