Ултимативна забава на отворањето на „Пивофест“ (ФОТО)
Вчеравечер во градот под Марковите кули започна 17-то издание на Фестивалот на пивото.
Честа да го отворат фестивалот имаа Прилепски Еснаф, дуото Селимова-Желчевски, Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и групата Галија.
Градоначалникот потенцираше дека јавните комунални претпријатија се максимално ангажирани околу чистотата на градот, сите останати служби се присутни на терен, безбедносната состојба е на потребното ниво, што гарантира дека „Пивофест 2019“ ќе помине во најдобар ред.
Покрај настапите на познатите музички имиња на главната сцена, вечерва како и сите останати вечери, забава ќе доаѓа и од алтернативната сцена од Камена бина.
Да се издаваат фискални сметки и да се потсетуваат посетителите дека имаат право да ги побараат, како и за правото на поврат на дел од пресметаниот ДДВ, информираат од прилепската Регионална дирекција на Управата за јавни приходи во пресрет на почетокот на наголемата манифестација „Пивофест“ која во Прилеп се одржува од 18 до 21 јули.