Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уште еден необичен почеток на учебната година во СУГС „Браќа Миладиновци“

Занимливости

Уште еден необичен почеток на учебната година во СУГС „Браќа Миладиновци“

Средното ветеринарно-земјоделско училиште од н. Драчево уште еднаш на необичен начин ја започна новата учебна година.

Да се потсетиме, минатата година на сите ученици им беше подарена по една мала тегла органски мед од сопствените пчелни семејства. На етикетата пишуваше:
„Училиштен мед. Ве учи дека на светот нема ништо послатко од сопственото знаење и сопствениот успех. Со среќа во новата учебна година.“

Оваа година повторно изненадување: учениците ги поздравија и се дружеа со видни гости, успешни деловни луѓе, музичари, познати ТВ лица, уметници…

На настанот присуствуваа познатиот композитор и гитарист Петар Ренџов, естрадниот уметник Миле Кузмановски, нашиот надалеку познат уметник Живко Поповски Цветин, како и омиленото детско ТВ-лице Ивце Пивце, кој воедно е и наставник во училиштето.

Навидум дел од гостите немаат допирна точка со ветеринарно-земјоделската наука, но сите тие или се земјоделски техничари, или земјоделски инженери. Сите тие, учејќи за животот преку природните науки стигнале до клучното сознание дека најважна е визијата, љубовта и секојдневната посветеност на работата која ја работите.

Во текот на целиот настан, Цветин во свој препознатлив стил го нацрта таблото на новата генерација 2022-2026 г.

Овогодинешното мото на почетокот на новата учебна година за сите ученици беше: Мир во светот, мир во мислите, мир во душата.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.