Вечерва Даниел Данн настапува на „Самерленд“
Вечерва од 21:00 часот, во склоп на летниот фестивал САМЕРЛЕНД на Школка во Скопје, ќе настапи македонскиот артист Даниел Данн. Заедно со својот бенд ќе испее дел од своите авторски песни, како и најголемите светски и македонски поп-хитови.
Публиката Данн го запозна како ексклузивец на Масив Скај Мјузик и Горила Продукција. Изминатите години тој освои многу награди на регионалните фестивали, притоа оставајќи зад себе радиски хитови како: „Губам од себе“, „Сила на љубовта“, „Створен да те сакам“, „На некој друг“…
Последниот сингл „Sunshine“ го објави на англиски јазик во соработка со светски познатата диџејка и продуцент Марга Сол. Имено, тоа е и синглот со кој Даниел Данн ќе го отвори двочасовното шоу.
Фестивалот САМЕРЛЕНД е под покровителство на Град Скопје.