Вечерва навиваме за Тамара – фановите очекуваат висок пласман! (ВИДЕО)
Вечерва во Тел Авив е финалната вечер на овогодинешното издание на изборот за песна на Евровизија , каде нашата Тамара Тодевска ќе ја претставува Северна Македонија.
Пејачката ќе настапи со песната „Proud“ под реден број 8, а настанот почнува во 21 часот.
Според предвидувања на специјализираните портали, фановите на ова шоу предвидуваат незапаметен успех на нашата земја досега.
Британскиот радиодифузер ББС на својот Твитер профил покрај коментарите за сите учесници имаше уникатен за нашата земја и претставничка што многумина охрабрува да се надеваат на незаборавен успех вечерва.
North Macedonia: BIG BALKAN BALLAD! #Eurovision pic.twitter.com/IFOvJGBJ1K
— BBC Eurovision?? (@bbceurovision) May 16, 2019
Македонија: Голема Балканска БАЛАДА!, стои во коментарот на познатиот коментатор на Евровизија Грахам Нортон, по настапот на Тамара во втората полуфинална вечер во четвртокот.
Медиумот со ова алудираше дека Македонија вечерва е на добар пат за успех на Евровизија!