Настани
Вечерва прв концертен настап на Националниот џез оркестар
Националниот џез оркестар ќе ја отвори својата концертна сезона со концерт во Националната опера и балет вечерва во 20 часот. Според најавата од Оркестарот, концертот ќе биде вистинска поетска симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации.
Со својата изведба, Националниот џез оркестар најавува непрекината ангажираност со современите трендови во светската џез музика, изведувајќи разновиден репертоар. Во идните месеци, Оркестарот подготвува специјално избрана програма која ќе вклучува изведби на класични џез стандарди, како и авторски дела од домашни, регионални и светски џез мајстори. Посебно се нагласува дека публиката ќе има можност да ужива во гостувања на водечки имена од светската џез сцена.