Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Викенд на гордоста во Скопје од 2-8 септември на три локации во главниот град

Настани

Викенд на гордоста во Скопје од 2-8 септември на три локации во главниот град

Викенд на гордоста во Скопје од 2-8 септември на три локации во главниот град

Од 2-8 септември во Скопје, ќе се одржи осмиот по ред Викенд на гордоста Скопје. Како што информираат организараторите овој настан ќе се одржи на три локаци, почнувајќи од Музејот на современа уметност, КОМИТЕТ и кафе барот Шортбас.

– Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни, велат од Коалицијата МАРГИНИ, кој заедно со ЛГБТИ Центарот за поддршка го организираат овој настан.

Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што му оддаваме почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011). Воедно, организаторите посочуваат дека ќе ги истражаат и проблематизираат современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка.

– Суровиот оптимизам ги означува приврзаностите и афектниот влог во објекти, места, идеали, норми, институции, светови и форми на живот како грст ветувања и извори на истрајност, кои наместо да ги прават подостижни ветените нешта и фантазијата за добар живот, напротив, го трошат и подриваат нашиот индивидуален и колективен процут и добросостојба, потенцираат од Коалицијата МАРГИНИ.

Овогодишниот фестивал ќе биде отворен со изложба СКРШЕНО на 2 септември во МСУ, а во рамки на која ќе учествуваат повеќе уметници, меѓу кои и Феликс Гонзалез-Торес, уметник чиешто дело ја испиша и измести светската историја на уметноста во 80-тите и 90-ти години, а кој за првпат го изложуваме во рамки на Балканот, како и меѓународно реномираните уметници Полин Бодри и Ренате Лоренц, Карин Мичалски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, и Хермес Питакос и Федерика Даури.

Во рамки на целокупната програма публиката ќе може да проследи перформанси од Кијун Томас и танц триото STEAM ROOM, самостојна изложба на Јован Јосифовски, промоција на најновиот роман на Петар Андоновски, онлајн дрег шоу и ДиЏеј сетови. Посебна чест ни претставува гостувањето и на Лорен Берлан, една од најзначајните современи критички теоретичарки во светски рамки, која ќе одржи онлајн предавање во рамки на Фестивалот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.