Во Битола почнува фестивалот „Музика од светот“
Со музичко-актерскиот перформанс „Патеки“ кој ќе се одигра во амфитеатарот на Хераклеа Линкестис, вечер во Битола почнува 12. издание на фестивалот „Музика од светот“.
Пред публиката во Битола ќе настапат солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска и Тамара Стојковска, а ќе ги придружуваат членовите на битолскиот Камерен оркестар. Специјален гостин на вечерта е Дарко Нешовски кој настапува во Операта во Малме, Шведска.
Во музичко-актерскиот перформанс „Патеки“ режиран од Јован Ристовски, учествуваат и актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.
Фестивалот „Музика од светот“ го организира НУ Центар за култура, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.