Настани
Во виенски Музикферајн започнаа пробите за светската премиера на МАКЕДОНИСИМО
Во Стаклената сала на најпрестижната концертна сцена во глобални рамки, виенски „Музикферајн” започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите.
Во аранжман на Пандев Шахов, бисерите на македонската традиционална музика на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе ги изведе добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.