Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Водечкиот светски храм на електронската музика во најсилно издание! На Денс Арена пристигнуваат Carl Cox, Bonobo, Black Coffee, Sara Landry, Maceo Plex, I Hate Models, а следува и специјално изненадување на ЕГЗИТ!

Настани

Водечкиот светски храм на електронската музика во најсилно издание! На Денс Арена пристигнуваат Carl Cox, Bonobo, Black Coffee, Sara Landry, Maceo Plex, I Hate Models, а следува и специјално изненадување на ЕГЗИТ!

Егзитовата „Денс Арена“ веќе со години ужива статус на вистински храм на електронската музика и водечки танцов подиум во светот. Сместена во колосалните ровови на Петроварадинската тврдина, таа останува неизбежен аџилак за сите фанови на електронската музика, не само од регионов, туку и ширум светот.

Карл Кокс, „Бонобо“, „Блек Кофи“, Масео Плекс, Сама’ Абдулхади, „Клангкуенстлер“, Карлита, „Ај Хејт Моделс“, Патрик Масон и уште низа глобални титани подготвени се да ја „запалат“ единствената „Денс Арена“ чија иновативна и импресивна програма, како и сјајна продукција, секоја година се издигнува на повисоко ниво. Ни тука не е крајот, бидејќи наскоро пристигнува уште едно големо изненадување кое ќе ја заокружи електронската одисеја на овогодишниот ЕГЗИТ Фестивал!

Составен дел од рејв-искуството на Тврдината е и култната „Но Слип Нови Сад“ бина која со години наназад на фановите им го претставува алтернативниот електронски звук. Сара Ландри, Огуз, Јотто, Естела Боерсма, Францис Мерсиер, Хелена Хауф и многу други ќе ја донесат својата уникатна енергија во бессониот ров од 11 до 14 јули. Без разлика дали ве привлекува техно, хаус или тек-хаус, на ЕГЗИТ пристигнува постава подготвена да го задоволи секој музички вкус.

„Со гордост го претставуваме едно од најсилните изданија на електронската програма на Exit. Секоја година и програмата и продукцијата ги подигнуваме на повисоко ниво, како би ја оправдале репутацијата на водечкиот танцов подиум во светот”, изјави основачот и директор на EXIT фестивал, Душан Ковачевиќ.

На славната Dance Arena, позната на публиката како рај за сите љубители на електронската музика, на првата фестивалска вечер, во четврток 11 јули пристигнува најпопуларниот диџеј на сите времиња, за многумина и самиот симбол на оваа професија – Carl Cox, а му се придружуваат берлинската диџејска ѕвезда и продуцент Klangkuenstler, пионерката на палестинската електронска сцена Sama’ Abdulhadi, Franky Wah и Mene!

Треската на саботната вечер на публиката ќе ѝ ја донесат хипнотизирачките звуци на мајсторот на иснспиративниот техно звук, Maceo Plex. Неговата способност да ги спои елементите на длабокиот хаус со интензивните техно ритми, ги прави неговите сетови секогаш единствено и незаменливо искуство. Истата вечер, диџеј-пултот ќе го преземе и ѕвездата на новата техно генерација, олицетворението на „диско инферно“ I Hate Models, кој настапуваше и на стадиони пред 30.000 луѓе, иако ваквите бини досега беа резервирани само за најголемите бендови. Во моќниот електронски ров пристигнуваат и неверојатниот ексцентричен техно и хаус маг Patrick Mason, српската млада диџејска ѕвезда Lanna, футуристичката вила на електронската сцена Desna, како и енергичната Katalina со својот крос-жанровски сет.

Последната вечер на легендарната електронска бина, публиката ќе ја почести Греми-наградуваната глобална хаус икона Black Coffee, диџејот и продуцент кој стана едно од најбараните имиња на електронската сцена откако во октомври минатата година ја распродаде Madison Square Garden во Њујорк. Неделата на Dance Arena ќе ја одбележи и легендарниот Bonobo со својата уникатна сонична фузија, потоа Barry Can’t Swim ќе наслика динамичен музички пејзаж со своите речиси совршено хармонични бас линии, додека мултиинструменталистката Carlita ќе ги донесе танцовите ритми од срцето на Средниот Исток. Зад најуникатниот диџејски пулт ќе застане и водечкиот диџеј кога е во прашање музиката на светот, Mose, познат по својот мултикултурен звук, како и познатиот белградски двоец INNĒR SENSE.

Возбудувањата не завршуваат тука, бидејќи ако зануркате подлабоко во звучниот пејзаж на Петроварадинската тврдина и отчукувањето во различни жанрови и стилови, ќе стигнете до NSNS бината, задолжителна точка на мапата на сите искусни рејвери.

Во бессониот ров пристигнуваат динамичната и иновативна Sara Landry, позната како сонична магионичарка чии сетови се чинат како највозбудливи патувања, и Yotto, млад и талентиран продуцент чија музика ги освојува срцата на љубителите на прогресив хаус музиката ширум светот. Незаборавен и магнетен сет кој публиката ја остава вчудоневидена ни носи диџејот и продуцент Oguz, а пристигнува и Estella Boersma, уникатната уметница која комбинира елементи на хаус, техно и инди електроника за да создаде свој препознатлив звук. Нејзините мелодични вокали и хипнотизирачки битови ја вовлекуваат публиката во нејзиниот свет на музичка експресија и страст. Потоа, на ред е Francis Mercier, чии сетови се карактеризираат со еклектичен спој на афро-хаус, тек-хаус и трајбал ритми. Неговата енергија зад диџејскиот пулт неизбежно ја крева атмосферата и ја тера публиката да се препушти на танцот и ритамот за време на целиот настап. Зад пултот ќе слета и Helena Hauff, маестрата на техно звукот чии сетови се карактеризираат со сирова, хипнотизирачка атмосфера поради која таа важи за едно од највозбудливите имиња на електронската сцена.

 

За време на четирите дена на фестивалот, интимно и незаборавно искуство под отвореното небо над NSNS бината ќе приредат и Airrica, Aname b2b BLR, Awen, Cassie Raptor, Djeff b2b Fiona Kraft, Filip Xavi, Henry Saiz, Hobin Rude, Kobosil, Layzie, Maroon, Sona, Supergloss, и Yelisaveta.

Надалеку позната како омилената мала бина на фестивалот, Urban Bug бината и оваа година ја носи својата одлична екипа која со сигурност ќе ја загрее публиката. Програмата оваа година сочинува повеќе десетици електронски уметници, некои од нив и во ексклузивни b2b сетови, а тука се 2 Much b2b Vein, Hudi b2b Aljoša, Layzie b2b Techa, Migazz b2b Kornwall, Milenko b2b Arnee, Miozz b2b Stefan Jović, Neshud b2b Irkah, Neutron, Needle b2b Hori, Novak, Rade Bađin b2b Poliformat, Runy b2b Mande, S.A.B.R.I. b2b Rikaya, Stameni b2b Mark Aasgier, Teachr b2b Butterfly.eff, THE b2b Zira, Vladimir Aćić b2b Danilo Vladušić, Vladimir Tucakov b2b Bokun, Wise D and Kobe, и Woodie b2b Danijel Kević.

Следното издание на EXIT фестивал, со темата EXIT Starseeds и слоганот „Да ги разбудиме нашите супермоќи заедно“, ќе биде одржано од 11 до 14 јули 2024 на Петроварадинската тврдина, со нулти ден, на 10 јули, резервиран за посебниот Starseeds Takeover перформанс на Tesla Universe бината. Четиридневните влезници по промо цена од 3.999 денари и со заштеда од 50% се достапни на овој линк, како и на сајтот на македонскиот тикет-сервис karti.com.mk .

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.