Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вук Смиљаниќ го носи вајбот на белградската денс сцена во Скопје

Настани

Вук Смиљаниќ го носи вајбот на белградската денс сцена во Скопје

По одличниот старт на вториот дел од летната сезона и настапот на неодоливата Нада Димитријевиќ, и овој петок продолжуваат веќе традиционалните забави под мотото Intermezzo Music Rituals. Така, петокот (14 август) овој пат е резервиран за хаус звуците и гостувањето на одличниот Вук Смиљаниќ.

Вук важи за еден од носителите на белградската музичка сцена. Тој е диџеј и продуцент и долгогодишен резидент во култните клубови: Младост, Гадост, Кучица и Ласта Градски Сплав. Смиљаниќ со себе ќе го донесе вајбот на белградската денс култура, па затоа дружбата со него е нешто што не смее да се пропушти.

Се вели, не дозволувајте да ви раскажуваат и бидете дел од најдобрите Intermezzo Music Rituals забави кои продолжуваат да се етаблираат како симбол на нашиот град и ја претставуваат нашата земја како културно катче на мапата на европските случувања.

Приказната не завршува тука, ново име не очекува и следниот петок за кога е закажано уште едно музичко патување и продолжение на летната сезона.

– Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ, велат од единствениот музички бар на нашите простори.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.