Настани
WHITESNAKE со проштална турнеја во Скопје
Авалон продукција информираат дека успеале на WHITESNAKE Farewell tour да го вклучат и Скопје, со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот.
Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен.
Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња- Coverdale, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации.
„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните WHITESNAKE што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас.