Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започна фестивалот Илинденски денови во Битола

Настани

Започна фестивалот Илинденски денови во Битола

Започна фестивалот Илинденски денови во Битола

Ако оваа 2020 година беше година без пандемијата која ја промена светот, со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, синоќа во Битола ќе започнеше 50-тото јубилејно издание на еден од најстарите фестивали во Македонија, а најстар во Битола – фестивалот на народни игри и песни “Илинденски денови”.

Здравствената криза и овој фестивал, како и многу други ширум светот ги натера да изнајдат поинакво решение со цел да се одржи традицијата и да не се заборават вредностите кои со децении се создавале.

Така вчера на симболичен начин, со изложба посветена на уште една годишнина која по бројка се совпаѓа со оваа на фестивалот, се отворија “Илинденски денови”.

Оваа година 50 години одбележува и CIOFF – Светската фолклорна организација, под чие покровителство се најголемите фестивали, со поддршка на секцијата на CIOFF во Македонија, а тоа е СОФАМ – Сојуз на фолклорните ансамбли на Македонија, беше отворена изложба посветена на овој јубилеј.

„Илинденски денови“ во 2017 година, на еден од светските конгреси на CIOFF во Индонезија, го прогласи нашиот фестивал за сертифициран CIOFF фестивал, еден од вкупно 100 најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исполнувајќи ги тие строги критериуми на оваа светска организација која е официјален партнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитет за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

Отворањето на изложбата беше согласно строгите протоколи за вакви настани.

Маја Андоновска-Илијевски директорка на Центарот за култура од Битола и претседателка на Советот на фестивалот истакна:

„Го отвораме фестивалот, со измешани чувства на радост и тага истовремено… Тага по дефилето на Широк Сокак, звуците на фолклорот, по шаренилото на облеките, по насмевките на учесниците, по радоста на публиката, по сé што фестивалот си носеше во себе како енергија.

Но и радост има, дека и во вака тешко време, ќе се случи нашиот фестивал, поинаков но смел, и пркосно со песна ќе испрати порака низ цел свет, дека пред овој предизвик сме сите исти, и дека следната година ги чекаме сите гости од целиот свет кои годинава не пристигнаа, за да продолжиме каде што застанавме.”- истакна таа.

На отворањето зборуваше и Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, а присутни беа претставниците на СОФАМ кои имаат вткаено свој дел во успесите на овој фестивал.

По сите протоколи и со сите заштитни мерки, како што велат организаторите оваа година фестивалот ќе реализира 4 изложби во Центарот за култура Битола, во Магазата и салата за изложби во Завод и Музеј Битола, потоа ќе има саем на книга инспириран од фолклорни мотиви во пишаниот збор, етно филмови на отворено, стручно научен собир на тема ” Академски такт за фолклорот и етнологијата ”, како и семинар кој истотака ќе биде онлајн, детска ликовна работилница – онлајн, и 4 концертни вокално инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.