Настани
Заврши 29. издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“ (ФОТО)
Со одржувањето на Интернационалната вечер заврши и 29-то издание на Охрид фест. Сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, а и покрај дождливото време, владееше вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение.
Изминатиот викенд во Охрид се одржа фестивалот „Охрид Фест-Охридски трубадури“, а домаќини на настанот беа Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.
Настапија познати музички имиња од Балканот – Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и голем број дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава одлична можност за промоција.
На 29-то издание на фестивалот, на првата – Фолк вечер се отпеаа 16 нови фолк песни, а првата награда од стручното жири ја свои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”. Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил Белистојановски.
Фолк пејачката Зуица Лазова е првонаградена од публика, со песната ,,Да ме носиш в Охрид“. Второто место од публика го освои Петар Нечовски, а третото Милован Секуловски и групата ,,Ишарет”.
Со танц на безвременската „Одисеја“, водителката Маријана Станојковска и актерот Васил Зафирчев ја отворија втората Интернационална вечер.
Победници од жирито беа гостите од Бугарија „Expose“, додека од публиката Јуре од Хрватска.
Учесникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски за дуетот со Белма, насловен „Глупаво е да си сам“ ја зема втората награда од жирито, додека третото место и припадна на гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.
Втората награда од публиката ја доби Теодора Стјеповиќ, а третата Веса Смолица.
На фестивалот беа доделени и други награди како „Награда за најдобар текст“ која доби Борче Нечовски за композиијата „Твоја сум“ во изведба на Мила. Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за „Close to the sun” во изведба на Андреа, додека награда за најдобра интерпретација и припадна на Марија – “Засекогаш Твоја”. Ненад Цвјетиќ ја доби наградата Долни Сарај, а за најдобар дебитант Ник од Хрватска.