Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Женското трио „Фрајле“ со голем концерт во Хераклеа

Настани

Женското трио „Фрајле“ со голем концерт во Хераклеа

Концертната сезона во Битола годинава започна со концертите на „Црвена јабука“ и „Рибља чорба“ за кои се бараа влезници плус, а деновиве крајот на концертната сезона во Битола ќе го означи концертот на женското трио од Нови Сад „Фрајле“.

Концертот е закажан на 6-ти септември, вторник, во Хераклеа, Битолa, a „Фрајле“ ќе се претстават со музика полна со добри вибрации за сите генерации.

-Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ги донесеме навистина квалитетните, интересните и секогаш возбудливите „Фрајле“. Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува – велат организаторите.

Трите дами Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 6-ти изненадат со некоја нова преработка на песна.

Карти во Brothers Tobacco на Широк Сокак, Хотел Милениум и online на www.kupikarta.com

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.