Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Златна бубамара на популарноста“ се враќа во живот на 12 мај во „Борис Трајковски“

Настани

„Златна бубамара на популарноста“ се враќа во живот на 12 мај во „Борис Трајковски“

Најголемиот музички културен спектакл Златна бубамара на популарноста се враќа во живо(т) на големата сцена во Арената „Борис Трајковски“. 

На големо задоволство на љубителите на добра музика, искрено смеење и незаборавна емоција Јубилејната 25. Златна бубамара ќе се одржи на 12 мај . 

Традиционално и оваа година на сцената ќе се појават најголемите музички имиња од Македонија и регионот, наградите и сценариото како и секогаш се чуваат во најголема тајност, а според организаторот ќе бидат вистински мелем за душа.

Мото на овогодишнато јубилејно издание  е „Да оживееме“ со сите негови модификации од „Да живнеме малку“ до „Живот после животот“ и „Живот за време на живот”, со што Златна Бубамара на популарноста во овој пролетен термин ќе не потсети на радоста на живеењето.

Информација околу продажбата на билети ќе биде соопштена во текот на наредната недела.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.