Сцена
„Не се согласувам!“ на Кристијан Ристески селектиран за учество на најпрестижната европска програма за развој на сценарија eQuinoxe
Филмскиот проект во развој „Не се согласувам!“ на сценаристот и режисер Кристијан Ристески и продуцентот Дарко Попов (Фокус Покус) е селектиран за учество на најпрестижната европска програма за развој на сценарија eQuinoxe.
Филмот е црно-хуморна социјална драма за еден 65-годишен анархист и неговиот аутистичен внук, кои, откако моќни поединци и системот ќе се свртат против нив, на креативен и луциден начин ќе ги „хакнат“ апсурдите на македонската реалност.