МК Сцена
Несекојдневно визуелно доживување и музички спектакл на Филхармонија со Џијан Емин и диџеј Хуан Аткинс
Историски музички настан од светски размери каде што совршен спој направија звуците на класичната и електронската музика, се случи вчера во Охрид, во Античкиот Театар.
Под диригентската палка на маестралниот Џијан Емин, дополнет со диџеј сетот на американскиот техно – музичар Хуан Аткинс, Македонската Филхармонија во текот на празничната вечер на 2 Август, приреди концерт за паметење и постави нови стандарди на македонската современа музичка сцена.
За време на неколкучасовникот музички спектакл публиката доживеа вистинска адреналинска авантура и празник за сите сетила, преку несекојдневните звуци, ласерските форми и артистичката игра на светла и бои.
Во текот на истата вечер забавата продолжи со after сетот на диџеј Jeff Mills на плажата Парк.
Концертот беше поддржан од Neuland, мултисензорната платформа, наменета да поттикнува уникатни музички и уметнички доживувања.