Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нетфликс ја откажа анимираната серија на Меган Маркл

Сцена

Нетфликс ја откажа анимираната серија на Меган Маркл

Нетфликс ја отфрли очекуваната претстојна анимирана серија „Pearl“ на сопругата на принцот Хари (37), Меган Маркл (40), поради кратењето на буџетот и остриот пад на претплатниците.

Овој проект веќе подолго време беше во почетна фаза на создавање, а веста за откажување на соработката е нов удар за продуцентската куќа на Меган, Арчевел, која таа ја основа во 2020 година со принцот Хари.

Имено, целата приказна во цртаниот филм требаше да се врти околу 12-годишно девојче „на патување на самооткривање“ инспирирано од наследството на познати жени од историјата.

– Како и многу девојки на нејзина возраст, така и нашата хероина Перл е на патот на самооткривање додека се обидува да ги надмине секојдневните животни предизвици. Воодушевена сум што Archewell Productions, во соработка со моќната платформа Нетфликс и овие неверојатни продуценти, ќе ви ја спојат оваа нова анимирана серија, која ги слави извонредните жени низ историјата. Дејвид Фурниш и јас бевме желни да ја извадиме оваа специјална серија на виделина, и мило ми е што успеавме да ја објавиме денес – гласеше тогаш  соопштението на Меган.

Извршен продуцент на серијата беше сопругот на Елтон Џон , Дејвид Фурниш.

Но, ова не е единствената серија која Нетфликс одби да ја емитува.

Сè поголем број корисници го напуштаат Нетфликс и се префрлаат на други платформи за стриминг, а компанијата изгуби речиси половина од својата вредност. Нетфликс го заврши првиот квартал од оваа година со 221,6 милиони претплатници, 200.000 помалку од претходниот квартал.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.