Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Неверојатно музичко искуство со спој на електронска и класична музика во Охрид

МК Сцена

Неверојатно музичко искуство со спој на електронска и класична музика во Охрид

Уште едно музичко лето во најава, случување со разновидни содржини, а во фокусот на вниманието – концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под водство на маестро Џијан Емин со кумот на техно музиката Хуан Аткинс. 2ри Август, Антички Театар е местото на кое задолжително мора да бидат сите љубители на добриот звук, а таму не очекува Џијан Емин, оркестарот на Македонска Филхармонија и Juan Atkins.

Покрај исклучителниот спој на електронска и класична музика, настанот ќе понуди и единствено ласерско шоу, игра на светла и мултисензорно доживување.

Џијан Емин, прв хорнист во Македонската филхармонија, член на неколку македонски бендови, меѓу кои Архангел, композитор, диригент, оркестратор, човек со многу таленти и кој зад себе има многубројни настапи, особено забележителни концертите со Дерик Меј, во Македонија и надвор од земјава, или оние под отворено небо со Македонската филхармонија посветени на Дејвид Боуви, Пинк Флојд и последниот настап со неверојатниот Феми Кути. Овој пат со музичката продукциска куќа Излет мјузик продакш подготвуваат неверојатен спектакл под отворено.

Продолжение на успешната приказна на Џијан Емин и Огнен Узуновски Оги од продукциската куќа Излет Мјузик, започна во 2014 година со спектакуларен концерт на пионерот на техно сцената Derrick May и која ја преселија во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија), продолжува и ова лето, а овој пат на сцената со Џијан, Juan Atkins.

Juan Atkins е еден од креаторите на техно музиката, кој заедно со Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото трио, The Belleville Three. Со големо влијание во светот на електронската музика каде што е признат како еден од пионерите со епитет „the originator“ зад себе има повеќе од 20 изданија и 30годишна кариера со многубројни настапи ширум светот. Во неговата музика може да се забележи многу енергија, неверојатен сјај, богатство од мелодии, впечатлива ритмичка пулсација, или со еден збор мултисодржинска.

Овој настан е поддржан и од Neuland, мултисензорната платформа, посветена да создава необични музички и уметнички искуства. Според многумина Neuland Sensorium, настанот за 2017 година, кој се одржа во ноември во Мала Станица беше кулминација на соработката помеѓу мултисензорната платформа и маестро Џијан Емин и ги помести границите на добрата забава во градот нудејќи досега невидени интерпретации на звукот, вкусот и визуелните уметности. По оваа соработка помеѓу Neuland и Џијан Емин, како и годинешната соработка помеѓу Neuland и клубот Сектор 909, Neuland се појавува како поддржувач и на овој спектакуларен настан.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.