Музика
Nicky Romero ѕвезда на третата фестивалска вечер на Егзит (ФОТОГАЛЕРИЈА)
После две ноќи и преку илјада настапи на тврдината, Егзит спремно ја дочека грозницата од саботната вечер!
Синоќа на главната бина владееја рокенрол бендот The Vaccines, кои го оправдаа статусот најдобар лајв британски бенд.
Гитарите ги свиреа хитовите “If You Wanna”, “Post Break-Up Sex”, “Ghost Town” и бројни други кои со хорски овации беа пречекани од 47 илјадната присутна публика.
Ударниот термин синоќа ја имаше српската легендарна група Disciplin A Kitchme кои на фестивалот го промовираа нивниот нов албум “Opet“.
Најголемата саботна журка во Европа, синоќа се одржа на mts Dance арената, каде со многу пиротехника и сценски ефекти публиката непрестано играше на супер-популарниот Nicky Romero. За наше изненадување, беше откажан настапот на познатиот продуцент Robin Schulz кој се разболел непосредно пред настапот на Егзит.
Вечерва завршува првиот дел од Егзит авантурата на Петроварадинската тврдина со експлозивна програма каде главни хедлајнери се The Prodigy, Wiz Khalifa и Techno All-Stars!
Популарно.мк останува во Нови Сад да ви ги пренесе сите случувања од финалето на фестивалот Егзит!