Промо
Никој од Реал Мадрид не присуствуваше на премиерата на филмот на Роналдо
Кристијано Роналдо во понеделникот беше главна ѕвезда во Лондон. Португалецот беше на премиерата на документарниот филм „Роналдо“ која конечно ја виде светлината на денот.
На премиерата беа Сер Алекс Фергусон, Гери Невил, Луис Саха, неговиот менаџер Хорхе Мендес, но тоа многу не ги допре луѓето од Реал Мадрид.
„Marca“ пишува дека никој од Реал не дошол на премиерата на Роналдо, што покажува дека „лошите вибрации“ меѓу Роналдо и Реал се повеќе се изразени во последно време. Тоа започна со доаѓањето на Рафа Бенитез на клупата, а Роналдо со него едноставо не е „кликнат“.