Сцена
„Никогаш не излезе од моите мисли“: Актерката Глен Клоуз би сакала да ја посети Македонија поради овој филм
Во промотивно видео по повод доделувањето на најважните филмски признанија, Оскарите, повеќе филмски продуценти и актери зборуваа за тоа кој филм ги инспирирал за патување.
Во видеото познатата холивудска актерка Глен Клоуз се одлучила за легендарниот македонски филм „Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.
-Постои еден филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија и очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли – рече Клоуз.
Филмот на Манчевски во 1995-та година на 67-мото издание на Оскарите беше номиниран за Оскар во категоријата Најдобар филм од странско говорно подрачје, а ја има освоено престижната награда Златен лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција.