Сцена
Николина Пишек се степала во парк во Белград
Хрватската водителка Николина Пишек била нападната од друга жена во паркот Ташмајдан во Белград.
За хрватските медиуми водителката на „Икс-фактор“ ја раскажала немилата случка.
– Додека дадилката ја туркаше количката со мојата ќерка Уна Софија, а јас го шетав моето куче Артур, пред нас се појавија големи кучиња, а нивната сопственичка не направи ништо да ги запре, иако еден од нив скокаше по количката. Морав да реагирам. Почнавме да се расправаме, но затоа што тоа нигде не водеше, се свртив да си заминам – вели Пишек.
Изнервираната сопственичка на големите кучиња тргнала по нив и ја нападнала водителката.
– Почна да ме влече за коса, и да ме пцуе. Се разбира дека возвратив. Се дереше како ме знае, знае која сум, а јас уплаена заминав од паркот. Стравував за себе, бебето и за кучето – вели таа.