МК Сцена
НИТУ ДОЖДОТ НЕ ЈА СТОПИРА ЗАБАВАТА: Каролина и Хари подготвени за „Пивофест“
Поројните дождови и поплавите стивнаа – Каролина и Хари подготвени!
Силно невреме кое го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, ветар и грмежи, се смири. Полавените површини од градскиот плоштад и улиците веќе се санирани. Екипите на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ вредно работат на отстранување на водата и чистење на теренот.
Ако минатата вечер Прилеп ги надмина своите сместувачи капацитети и се бараше место повеќе, вечерва, а и во текот на наредните два фестивалски дена Прилеп ќе биде преполн од млади луѓе и граѓани кои сакаат и знаат да препознаат каде се случува и одржува најголемата македонска пиво забава.
Денес на вториот официјалален прес на кој што освен водителите Жаре и Маријана присуствуваше и нашата Каролина Гочева која вечерва настапува и која што беше видно пречекана и Градоначалникот на град Прилеп г-нот Марјан Ристески.
Вечерва повторно забава до раните утрински часови и тоа на сцената вечерва ќе се појават: Самостални референти, Каролина Гочева, Хари Мата Хари и Bang La Decks. Не заборавајте, еден е фестивалот, Пивофест се случува во Прилеп.