Музика
Ниту студеното време не ја запре Северина на кулминацијата на „Пивофест“ во Прилеп (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Уште еден Пиво фестивал за паметење. Сношти заврши петнаесеттото јубилејно издание кое помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара, ладното пиво, како и одличната забава каква што доликува за Најголемото случување во годината во Македонија.
Во изминатите четири дена посетителите имаа можност да уживаат во различните хитови на популарните ѕвезди и во програмата која ги опфаќа сите генерации.
Четвртата вечер кулминираше со настапот на Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар како и балканската мега ѕвезда Северина.
– „Јас му се заблагодарувам на градоначалникот и на организаторите што повторно ме поканија да настапам на Пиво фест тоа значи дека љубовта е заемна, вечерва ќе има добра забава и многу пиво“, кажа Северина.
Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЦГИ, организаторите и до сите институции и угостители кои дадоа максимален придонес се да биде во ред и за јубилејниот 15-ти фестивал на пивото и скарата.
Сношти на сцената шармантната и сексипилна водителка Марјана, ги најави добитниците на новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените крушевчани имаа можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и ја добијат маскота мајмун.
Изминатите четири фестивалски дена донесоа многу забава, многу испиено пиво, изедена скара и спомени за вечно паметење. На сцената застанаа многу ѕвезди од земјата и балканот.
Фестивалот го оправда мотото „Едноставно најдобри“, под кое се одвиваше оваа година и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.