Сцена
НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ: Хајди Клум се појави со пет клона на забавата во Њујорк (ВИДЕО)
Германскиот супермодел, Хајди Клум, секоја година го има најимпресивниот костум за Ноќта на вештерките.
Сепак, оваа година реши да не се маскира, туку да се „клонира“.
Клум се појави на својата забава заедно со уште 5 други девојки кои освен тоа што беа облечени идентично како неа, носеа и соодветни маски. Тимот на Клум секогаш се грижи за деталите, па Хајди и нејзините клонови имаа и исти нокти, перики и накит.
Тие на црвениот тепих се појавија во кутија на која пишуваше „НАПРАВЕНО ВО ГЕРМАНИЈА“.