Настани
„Ноќ со книга“ на Булеварот на книгите
Светот на книгата и пишаниот збор никогаш не распознаваат годишни времиња, а страста и љубовта кон читањето не се намалуваат, дури ни во овој период кога скалилото на термометарот се искачува сè повисоко.
Оваа среда на 17-ти јуни, сите љубители на нови, а и веќе познати наслови, се поканети да присуствуваат на „Ноќ со книга“ на Булеварот на книгите, почнувајќи од 8 часот наутро, па сè до полноќ.
На Булеварот ќе можат да се најдат 60 нови наслови, совршени за претстојното лето, каде секој ќе може да навлезе во светот на своите омилени ликови под некоја длабока сенка додека сонцето пишува нови страници.
Конечно пристигна ноќта која читателите долго ја чекаа со нетрпение! Сите будни со книга – инсомниа од пишани зборови!