МК Сцена
Нокаут и Даниела Мартиновиќ ќе настапат на 4-тиот роденден на Скопје Сити Мол
Омилениот бенд на македонската публика „Нокаут“ ќе го движи ритамот на градот кон платотот пред Скопје Сити Мол во сабота на 1-ви октомври, по повод 4-тиот роденден на шопинг центарот.
А, кога „Нокаут“ ја презема роденденската забава, нема сомнеж дека сите заедно во одлично расположение ќе се забавуваме. Бендот секогаш успева да испрати позитивно вибрирачка енергија кон публиката која возвраќа со гласно пеење на легендарните рефрени.
По нив, хрватската поп – атракција Данијела Мартиновиќ ќе ги отпее песните кои секогаш ја разнежнуваат македонската публика.