МК Сцена
НОВ ФЕСТИВАЛ: „Егзит“ во март 2018 година почнува со фестивал на Јахорина
Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плажата Јаз, една година потоа и „Revolution“ во Темишвар, а од оваа година и „Sea star“ во Умаг, тимот на „Егзит“ почнува нов фестивал, кој ќе се одржи од 15 до 18 март следната година на Јахорина.
Организаторите денеска соопштија дека фестивалската програма ќе биде конципирана како дневна и ноќна, по формулата 2+2, која се користи и за исклучително успешниот „Sea star“ фестивал во Истра.
Првиот ден на фестивалот ќе има ноќна забава за загревање, а следните два ќе биде отворен со цел капацитет и дење и ноќе, додека четвртиот ден е резервиран за дневна завршна забава.
Тимот на „Егзит“ во соработка со олимпискиот центар „Јахорина“ планира новиот фестивал во релативно кус рок да го позиционира меѓу најзначајните зимски музички фестивали на континентот.