Музика
НОВ СИНГЛ И СПОТ: Дубиоза Колектив и Дино Дворник ја промовираа „Треба ми зрака“
По „Химна генерације“, „Дубиоза колектив“ ја претставува новата песна и спот. Бендот со своите спотови, текстови и музика многу често изненадува, провоцира или забавува, но новата песна носи соработка која е прилично неочекувана.
„Дубиоза колектив“ на својата „Фејсбук“ страница штотуку ја претстави песната „Треба ми зрака“ во соработка со легендата – Дино Дворник!
Идејата за оваа соработка изникна пред неколку години во Дубровник кога бендот се сретна со својот долгогодишен пријател, Харис Чустовиќ, продуцентот, диџеј, композитор, инструменталист и инженер на звук.
Харис започна да работи на песната со Дино Дворник, која, на жалост, не успеаја да ја завршат и им предложи на Дубиоза да ја довршат „Треба ми зрака“ на свој начин. Бендот ја продуцираше песната заедно со Харис и иако таа носи поинаков звук од нивната вообичанеа продукција, сепак го задржува стилот на Дубиоза.
„Треба ми зрака“
е вториот сингл со кој се најавува новиот албум на „Дубиоза колектив“, чија промоција се очекува наскоро.
https://www.youtube.com/watch?v=DNS7jXjOZfM