МК Сцена
Нова песна и спот на прилепскиот бенд „Балканика“ (ВИДЕО)
„Бекрија” е новиот проект на познатиот прилепски бенд кој што деновиве и официјално го промовираше својот прв видео спот.
Како што дознаваме, музиката, текстот и аранжманот се дело на Мендо Ташкоски, продуцент на истата е Рубин Димкоски, додека пак песната е снимена во музичкото студио “Р”, а за видео спотот да изгледа онака светски, а сепак наше беше задолжен Христијан Конески.
Од Балканика бенд за нашиот музички портал велат дека наскоро своите фанови и македонската публика ќе ги изненадат со уште една нова и интересна песна, сега засега тоа нека биде мало изненадување, а во меѓувреме додека го очекуваме новиот проект на оваа позната пелагониска група која што од од ден на ден се повеќе жари и пали низ Македонија, Ви предложуваме да го погледнете нивното првенче, нивниот прв и оргинално изработен спот за песната “Бекрија”.