Сцена
Нова венчавка во британското кралско семејство
Принцезата Јуџинија, внука на британската кралица Елизабета Втора, денеска во замокот Виндзор ќе го каже судбоносното „да“ покрај Џек Бруксбенк, со кого е во долгогодишна врска.
Ова ќе биде втора венчавка во британското кралско семејство оваа година, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл што се случи во мај.
Принцезата Јуџинија е втора ќерка на третиот син на кралицата, принцот Ендрју и на Сара Фергусон, војвотката од Јорк.
Младата принцеза официјално нема кралски должности и работи како директорка на уметничка галерија во Лондон. Моментно е деветта во редот за наследство на британскиот престол.
Својот иден сопруг таа го запознала во ресторан каде што работел како келнер. Сега тој е застапник на брендот текила на глумецот Џорџ Клуни.