МК Сцена
Новата песна „Пуста да остане таа печалба“ како најава за двомесечната турнеја на Јордан Митев
Фолкерот Јордан Митев деновиве во етерот ја пушти темата со наслов “Пуста да остане таа печалба”.
Станува збор за композиција која е комплетно авторско дело на Јордан Митев, снимена е во студио Анастасија, а нејзин продуцент е Љупчо Павловски. Песната како што може да се заклучи и од самиот наслов е со печалбарски мотиви.
Освен што го очекува промоција на новата песна Митев викендов ќе биде задолжен и за добрата атмосфера на четвртото по ред издание на фестивалот Златни денови Кратово 2017.
Кон крајот на летотот, пак, заминува на двомесечна турнеја во Австралија, во чии рамки ќе одржи десетина концерти. Првиот закажан настап му е на 30 септември во Перт, по што ќе следуваат гостувањата во Волонгонг, Сиднеј, Њукасл, Мелбурн, Гелонг… На гостувањето во Австралија ќе го придружува оркестарот Фаворити.
А пред заминувањето кај нашите иселеници преку барата го очекува и една слатка обврска, односно свадбената церемонија која е закажана за крајот на летото, а на која Јордан и неговата избраничка ќе се заколнат на вечна љубов.