Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВИ САД СЕ ТРЕСЕШЕ: Дејвид Гета се поклони пред публиката на Егзит! (ФОТО+ВИДЕО)

Музика

НОВИ САД СЕ ТРЕСЕШЕ: Дејвид Гета се поклони пред публиката на Егзит! (ФОТО+ВИДЕО)

Екипата на Популарно.мк директно од тврдината во Нови Сад!

Веќе втората фестивалска вечер на Егзит дури 49.000 посетители заедно со бројни изведувачи на Петроварадинската тврдина напрвија петокот да биде навистина во духот на слоганот на овогодинешниот фестивал – магија!

DSC_0209DSC_0199DSC_0230DSC_0252DSC_025713627153_10154278764553698_4945861289709780384_nDSC_0108DSC_0162DSC_0186DSC_0189DSC_0102DSC_0101DSC_0094DSC_0093DSC_0083DSC_0053DSC_0080
<
>

Титулата прв меѓу сите останати ја освои најголемиот диџеј продуцент на денешницата Дејвид Гета кој приреди аудио-визуелен спектакл кој само еднаш се искусува во животот! Пред главната бина буквално се бараше простор повеќе за да се биде дел од ритамот на најголемите поп и денс хитови  “Hey Mama (ft. Nicky Minaj)”, “Titanium”, “Who’s That Chick (ft. Rihanna), “Love Takes Over”, “Without You” и многу други кои на моменти публиката ги пееше дури и погласно од и така гласното озвучување!

DSC_0162

Во еден момент 49.000 илјадната присутна публика клекна на земјата и на знак на Гета сите заедно скокнаа во воздухот, следејќи го ритамот на хитовите.

Францускиот хитмејкер, кој директно од тврдината отпатува во Париз на генералната проба за настапот на завршницата на Европското првенство во фудбал, на крајот се заблагодари на публиката со зборовите „ФАЛА ЕГЗИТ, УЖИВАВ ВЕЧЕРВА, БЕВТЕ НАЈДОБРИ ОД БИЛО КОГА!“.

DSC_0199

Погледнете го видеото од првиот ред на огромната журка:

За атмосферата да биде добро загреана допринесе и докторот на фанкот Џорџ Клинтон кој направи права журка на бината заедно со големиот бенд чиј број на членови никој не можеше да ги изброи.

DSC_0118

X-Bass програмата на главната бина и синоќа го оправда својот статус на фестивал во фестивалот, а ѕвезда на вечерта беше лондонскиот хитмејкер Вилкинсон чиј настап траеше со раните утрински часови.

 На третиот фестивалски ден, за вечерва се најавени настапите на пустинските туарези „Тинаривен“, српскиот бенд „Дисциплина кичме“, британскиот инди-рок бенд „Ваксинс“ кои ќе настапат по полноќ, a потоа следи диџеј-сет на британскиот електро бенд Модстеп.

На Денс арената публиката вечерва ќе ја забавуваат диџеј ѕвездите Ники Ромеро и Робин Шулц, а Фјужн стејџот ќе биде збогатен со настапите на регионалните бендови „Лолобриџида“, „Били Андол“, „Атеист рап“, „Исказ“, и Британците „Даб пистолс“.

Фестивалот ќе биде затворен в недела, 10 јули, со настапите на британскиот рапер Стромзи, главната ѕвезда навечерта – американската рап-ѕвезда Виз Калифа и култниот британски бенд „Продиџи“.

На Денс Арената ќе настапат познатите диџеј Ричи Хотин, Дејв Кларк, Марко Карола и руската диџејка Нина Кравиц.

Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад да ве известува од сите случувања на магичната Петроварадинска тврдина.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.