Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нови водителски имиња во осмата сезона на емисијата „Стисни плеј“

Музика

Нови водителски имиња во осмата сезона на емисијата „Стисни плеј“

Почна осмата сезона на музичката емисија „Стисни плеј“. Уредникот и водител на емисијата Александра Јовановска откри дека оваа година нема да ја води сама „Стисни плеј“, туку дека друштво во студиото на МРТ ќе ѝ прават пејачката Јана Бурческа и гитаристот Бојан Галевски.

– „Најголема промена е што емисијата ќе оди во живо. Емисијата овој пат ќе е дел од Забавното отворено студио на МТВ, ќе трае 45 минути, ќе ги следи новитетите од домашната забавна музика, а ќе се емитува двапати неделно од 18:15 часот во вторник и во петок. Како што се зголеми минутажата на ‘Стисни плеј’, така ја збогативме и нашата екипа, па оваа сезона за почеток ни се приклучија Јана и Бојан. Со Јана добро се познаваме, соработувавме на многу емисии за проектот ‘Евровизија’. Бојан е студент по новинарство на Правниот факултет, а свири гитара во неговиот бенд ‘Акустик дивижн’. Двајцата имаат големи познавање од областа на музиката и искрено ја сакаат“, ни раскажа Александра.

Таа откри дека Бојан и Јана веќе ги снимиле првите прилози за емисијата, а дека нивната позитивна ене
ја почувствуваат и гледачите на емисијата.

– „Верувам дека нема да имаат проблем да се вклопат во еден ваков проект. Се надевам дека ќе ги зарази магијата на телевизијата и ќе останат до крај во нашата екипа“, додава Јовановска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.