Сцена
Новиот Бонд 007 би можел да биде жена?
Меѓу големиот број познати имиња кои се споменуваат како потенцијални наследници на Даниел Крег во улогата на агентот 007, се вбројува и една глумица.
Крег неодамна објави дека филмското студио МГМ му понудило 68 милиони фунти за новиот филм за Џејмс Бонд, но тој ја одбил понудата. Меѓу главните кандидати за новиот Бонд сега се споменуваат Том Хидлстон, Дамијан Луис и Идрис Елба, но и Џилиан Андерсон.
Идејата во новото продолжение на Бонд да игра ѕвездата на серијата „Досие Икс“ прво се појави на социјалните мрежи. Оваа идеја и се допаднала и на самата глумица, па на Твитер објавила дури и потенцијален постер за филм за Џејн Бонд, со неа во главна улога.
– Моето име е Бонд. Џејн Бонд, напишала Андерсон.
Додека многумина ја поддржаа оваа идеја, други сметаат дека улогата на Бонд мора да остане машка, меѓу кои е и Пирс Броснан, кој играше во четири филма за Џејмс Бонд.
Сепак Даниел Крег не се согласува со тоа.
– Мислам дека идејата Бонд да биде женско е одлична. Доброто со овој филм е што се е измислено, па секако дека и тоа може да се случи. Се е можно, изјави Крег во едно интервју.