Сцена
Новото бебе на Ким и Канје ќе се вика Чикаго Вест
Норт, Сент и Чикаго! Ким Кардашијан и Канје Вест официјално го објавија името на нивното трето дете.
Иако Ким не даде објаснување зад значењето на името, очигледен е фактот дека Канје Вест бил израснат во Чикаго.
Малата Чикаго беше родена неколку минути по полноќ во понеделникот, на 15 јануари од сурогат мајка.
– „Норт и Сент се посебно возбудени за нивната мала сестричка“ – напиша Ким на Твитер.
Инаку Чикаго е третото бебе на фамилијата Кардашијан-Вест и сестра на постарите Норт (4) и Сент (2).