Сцена
Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ заработи милијарда долари за рекорден период
Најновото продолжение на филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ – „Будење на силата“, стана филм кој оствари приходи од една милијарда долари за најкусо време досега.
„Будењето на силата“ го оставри приходот од продажба на билети од една милиајрда долара за само 12 дена од премиерното прикажување.
Досегашниот рекорд на заработка од една милиајрда долари го држеше филмот „Паркот Јура“ и тој изнесуваше 13 дена.
Покрај овој, новото продолжени на епската научно-фантастична сага оствари уште еден рекорд – приход од 49,3 милиони долари на првиот ден по Божик.
„Будењето на силата“ е на второто место на вечната листа на бокс офисот со заработени 150 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето.