Музика
Објаснување од Евровизија: Гласовите на Македонија сепак се важат, но само од телевоутингот
Иако денеска јавноста беше шокирана од евровизискиот скандал во кој беа инволвирани Македонија и Црна Гора, сепак организацијата на Евровизија објасни за точната ситуација поради која отфрлила дел од гласовите на овие две земји.
Според информациите, земени се предвид само гласовите од телевоутингот според кој гласала Македонија, односно поради сомнителноста, гласовите на македонското стручно жири се отфрлени.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Скандал на евровизиското гласање – дисквалификувани гласовите на Македонија и Црна Гора
Како што јавуваат од Евровизискиот клуб на Македонија, сите 5 члена на нашето стручно жири ги дале своите гласови идентично за истите земји, што предизвикало сомнеж во Европската радио-дифузна унија, поради што тие гласови се отфрлени.
Ваков случај имало и во 2014 година, кога членовите на стручното жири на Грузија дале идентични поени за земјите за кои гласале.
Инаку, вчеравечер се одржа финалето на јубилејното 60-то издание на Евросонг на кое прво место освои претставникот на Шведска Манс Семерлев , со песната „Херои“ (Heroes).