Сцена
Обама ги забавуваше гледачите со „злобни твитови“
Американскиот претседател Барак Обама ги забавуваше гледачите во една контакт емисија читајќи „злобни твитови“, кои му биле упатени.
Тој почна со коментарот на Доналд Трамп кој во август на Твитер напишаа: „Претседателот Обама ќе биде запомнет како можеби најлошиот претседател во историјата на САД“.
– Навистина? Јас барем ќе бидам запомнет како претседател, му одговори Обама на Трамп.
Во емисијата на водителот Џими Кимел, Обама го прочита и твитот со прашање до него: Барак, брате, креваш ли некогаш нешто?
– Па ја кренав забраната од кубанските цигари. И тоа е нешто, одговори Обама.
Тој на водителот му призна дека соработниците ретко го будат среде ноќ, иако работата претседател е многу стресна. Тој објасни дека најтешките проблеми најчесто се предвидуваат однапред. Тука ја искористи можноста повторно да го „пецне“ Трамп: Но она што сигурно не го правам во три часот изутрина е да твитам за луѓето кои ме вреѓаат.
Кога водителот го праша дали некогаш се смее за време на дебатата додека го гледа републиканскиот кандидат, Обама рече: Речиси постојано.