Објавен првиот трејлер за филмот за принцезата Дијана (ВИДЕО)
Еден од најочекуваните филмови оваа година, филмот „Spencer“ на Пабло Ларајн , треба да започне да се прикажува во киносалите во ноември.
Филмот, во кој Кристен Стујарт ја портретира принцезата Дијана, го прикажува викендот во текот на божиќниот период во Сандрингам, кога Дијана одлучува да го прекине нејзиниот брак со Чарлс.
Филмот премиерно ќе биде прикажан на престојниот фестивал во Венеција, а премиерата на филмот во киносалите е закажана за 5 ноември.