Сцена
Обожавателите незадоволни од новиот изглед на Џастин Бибер (ФОТО)
Канаѓанецот Џастин Бибер (22) го отвори доделувањето на наградите „iHeartRadio Music Awards“, каде ја освои наградата за машки изведувач на годината, при што и ја покажа и својата нова фризура, која не предизвика воодушевување кај обожавателите.
Имено, косата на славниот пејач е претворена во руси сукани прамени, со кој еден ден претходно се пофали на Инстаграм.
Младиот пејач на сцената се појави во хокеарски дрес, искинати фармерки и неколку златни синџири околу вратот.
Освен наградата за машки изведувач на годината, Џастин ги понесе и наградите за „денс“ песна на годината, најдобра соработка, најдобра кавер песна, а незаменлив беше и во категоријата „Best Fan Army“.