Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од 16 до 18 септември 10. „Штипска пастрмалијада“

МК Сцена

Од 16 до 18 септември 10. „Штипска пастрмалијада“

Почнаа подготовките за манифестацијата „Штипска пастрмалијада“, која ќе се одржи на 16,17 и 18 септември годинава. 

Портпаролот на општина Штип Драган Ристов на денешната прес-конференција најави дека и годинава со вкусната штипска пастрмајлија и вино гостите ќе ги забавуваат познати музичари од земјава, но и балкански ѕвезди. Главни гости се ЈУ група, Рибја чорба и Здравко Чолиќ.

– Првата вечер, во петок на 16 септември ќе настапат Ристо Самарџиев, Александра Јанева и Момо Николовски, а главен изведувач е рок составот ЈУ група. Следниот ден, на 17 септември ќе ги видиме Силви бенд, Куртиш бенд и Јордан Митев, а потоа како главен изведувач е уште еден познат рок состав, „Рибја чорба“. Финалето на „Пастрмалијада 2016“ ќе биде во недела, на 18 септември со настап на Антонија Гиговска, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски, HQ Bend и Ферус Мустафов. Вечерта ќе настапи поп пејачот Здравко Чолиќ, рече Ристов.

Кирил Панајотов, советник за културни манифестации во општина Штип истакна дека штипските угостители веќе ги почнале подготовките за штандовите, кои треба да се постават кај крстосницата Дујле, односно меѓу Градскиот стадион и населбата 8-ми Ноември.

– Исто како и лани, угостителите имаат свое тело кое е координирано од Емил Попадинов од хотел „Изгрев“ и тие веќе се организираат околу нивниот дел, во поглед на пастрмајлиите, штандовите и сите други аспекти на манифестацијата. Програмата останува отворена, доколку постојат услови, ќе биде додадено уште некое име со цел поголема забава. Во суштина остануваат трите главни изведувачи. Буџетот кој општината го издвојува е 1,2 милиона денари, рече Панајотов.

Општина Штип денеска изрази благодарност до голем дел од спонзорите и поддржувачите на манифестацијата кои финансиски и логистички помагаат таа да продолжи. Главен спонзор на манифестацијата е „Скопско“. Ова е десетто издание на манифестацијата, која почна да се организира од 2007 година на градскиот плоштад.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.