МК Сцена
Оддадена последна почит на Љупка Димировска (ФОТО)
Во Загреб се одржа комеморација по повод смртта на пејачката Љупка Димитровска-Калоѓера, на која присуствуваа многумина нејзини роднини и пријатели.
Меѓу оние кои дојдоа за последен пат да се простат од „вечната девојка од хрватската естрада“, како што во Загреб ја именуваа славната поп пејачка со македонско потекло, беше и оперскиот пејач Роналд Браус.
Проштален говор на комеморација одржа нејзиниот колега Миро Унгар.
Љупка Димитровска е родена на 25 јули 1946 во Скопје, но речиси целиот свој живот и кариера ги мина во Загреб, каде што и почина минатата седмица.
Беше во брак со хрватскиот композитор и диригент Никица Калоѓера, кој почина во 2006. Таа има издадено вкупно 11 албуми и повеќе од 20 синглови. Меѓу нејзините најголеми хитови се „Адио“, „Та твоја барка мала“, како и баладата „Ѕвонат ѕвонат“ изведена на штипски „Макфест“ во 1990 година.
Љупка Димитровска почина на 3 октомври оваа година.