Музика
ОДЛИЧЕН НАСТАП ЗА МАРИЈА: Македонија заврши дванаесетта на детската Евровизија
Тринаесет годишната претставничка на Полска, Роксана, е победник на детската ,,Евровизија 2018” која вчера се одржа во арената Минск во Белорусија. Роксана од Полска освои 215 поени, додека на второ место е Франција со 203 поени. Третото место го освои Австралија со 201 поен.
Македонската претставничка Марија Спасовска заврши на 12-то место, со 99 поени. Таа настапи со песната ,,Дома” на авторскиот тим Дарко Димитров и Елена Ристеска.
Во продолжение погледнете го нејзиниот фантастичен настап: