МК Сцена
Одложен концертот на Лепа Брена: „Жалам што летово нема да се дружам со фановите од Македонија!“
Балкан Медија, коишто се потпишуваат зад концертот на Лепа Брена закажан за 20 јуни на спортската арена Филип Втори, истиот го одложуваат на непределено време.
И од продукцијата и од менаџментот на Лепа Брена, велат дека моменталната ситуација во државата е причината поради која концертот кој што требаше да биде најголемиот музички спектакал летово, се одложува. Секојдневните протести и блокади, се причината поради која Лепа Брена и нејзиниот тим одлучија дека периодов не е најдобар за спектакл од таков калибар.
„Жалам поради тоа што ова лето нема да се дружам со моите фанови од Македонија, но едноставно ситуацијата е таква. Воедно им благодарам на сите оние кои што одвоија средства за да навремено обезбедат влезница и им ветувам дека во најбрзо време ќе го одржам одложениот концерт “ – изјави Лепа Брена.
Сите оние кои што веќе купиле влезница, парите за истата можат да си ги вратат од продажните места каде што ја набавиле влезницата.
За новиот датум кога ќе се одржи концертот на Лепа Брена, навремено ќе бидете информирани.