Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Охрид подготвен за најголемата журка: Започнува Хајнекен Грин Бич Фестивал

МК Сцена

Охрид подготвен за најголемата журка: Започнува Хајнекен Грин Бич Фестивал

Се’ е подготвено за настанот број еден летово. Денес и утре се деновите кога на охридското крајбрежје ќе му се случи најексплозивната забава оваа сезона. Местото на случување е преубавата плажа Парк во Охрид, вратите се отвораат во 20 часот, а атрактивната програма започнува во 21 ч.

Денес, на охридскиот аеродром со својот приватен авион ни пристига Фед Ле Гранд. Феноменалниот холандски диџеј и еден од најдобрите светски продуценти воопшто, кој го потресе денс светот со планетарниот хит “Put your hands up 4 Detroit”, има импресивна професионална биографија во која отскокнуваат соработките со Мадона, Колдплеј и Блек Ајд Пис. Фед Ле Гранд реди успех по успех и е омилен диџеј на најатрактивните глобални подиуми како оние во Амстердам, Ибица, Лас Вегас, Мајами, Лондон, Миконос…

Фед Ле Гранд доаѓа со врвен продукциски тим кој што е задолжен за неповторливо аудио и визуелно доживување. За тие потреби, Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертејмент обезбедија екстра засилено озвучивање кое ги исполнува највисоките критериуми на фестивалите од светскиот крем.

На 1-ви август, сабота, за прв пат на Хајнекен Грин Бич Фестивал ќе настапи и најголемиот македонски електронски артист, Кирил Џајковски. Џајковски доаѓа со единствената ТК Вондер и австралискиот хип хоп и драм енд бејс продуцент, ЕмСи Васп. Џајковски во последните години е редовен гостин на најголемите европски фестивали, каде е пречекан како една од најголемите ѕвезди. Неговото шоу е неповторливо, а токму тој беше виновникот за распродадената втора вечер на Д Фестивал во Дојран.

Дополнително, Хајнекен Грин Бич Фестивал ќе има полна програма со најквалитетните домашни денс и електро артисти. Заради преголемиот интерес за Хајнекен Грин Бич Фестивал и апетитот на публиката за уште подолга забава, вратите ги отвораме во 20 часот, а програмата започнува во 21 со следниов распоред:

31-ви јули.

Диџеј Боби 21:00 – 22:40

Ајсберг 22:40 – 23:55

Лефанк 23:55 – 01:15

Фед Ле Гранд 01:15 – 3:15

Никифор 03:15 – 04:30

На 1-ви август, сабота, го имаме продолжението од соништата за незаборавен втор фестивалски ден на плажа Парк. Влезот се отвора во 20 часот, а официјалниот старт е закажан за 21 часот. Саботната ноќ ќе биде пополнета со еднакво квалитетна програма:

Диџеј Ербил 21:00 – 21:50

Диџеј Синиша 21:50 – 22:50

Ана Мало & Еми Ермилова 22:50 – 00:00

Феки Фарис 00:00 – 01:15

Џајковски фт. ТК Вондер & ЕмСи Васп 01:15 – 02:45

Ајсберг 02:45 – 03:45

Лефанк 03:45 – 04:45

Најискрено замолуваме да имате предвид:

Оставете ги вашите автомобили дома и на плажа Парк дојдете со такси. Паркингот е ограничен, ќе заштедиме зелена површина и вие на раат ќе можете да уживате во алкохолен пијалок.

Вратите се отвораат во 20:00. Дојдете порано, искористете ја шансата да се журкате подолго и да избегнеме метеж на влезот.

Влезниците на билетарата пред главниот влез на плажа Парк ќе можат да се набават по цена од 600 денари и 1.000 денари за ВИП.Фестивалската влезница важи за двата дена. Ве молиме чувајте ја.

Картите само за вториот фестивалски ден, 1-ви август, се продаваат по цена од 250 и 500 денари за ВИП.

На Грин Бич Фестивал не е дозволено внесување на храна, пијалоци, професионална опрема за снимање, дрога, оружје од каков било вид и пиротехника.

Фестивалот има два влеза:

– ВИП, од страната на дискотеката Парк, каде пристапот е дозволен само за оние со ВИП влезници.

– Главниот влез, на средината на плажата Парк.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.