Сцена
Октоберфест во првиот викенд го посетиле 600.000 луѓе
Околу 600.000 луѓе го посетиле годинешниот фестивал на пивото во Минхен, Октоберфест, во првиот викенд.
Организаторите го оценуват тоа како слаба посетеност, иако е повисока од онаа од првите два дена минатата година, кога на фестивалот пристигнале половина милион посетители. Тоа се должи на гласините за можни терористички напади.
Инаку, вчера и завчера во баварската престолнина биле изедени 11 бикови, што е за два повеќе од минатата година.
Заканите за терористички напади ги натераа властите да преземат дополнителни мерки за безбедност.